Search

И Дачиќ на задолжителна аеродромска контрола за коронавирус

Првиот вицепремиер во српската влада и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, по враќањето од официјалната посета на Кина беше подложен на задолжителна аеродромска контрола на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.

Ваквата контрола е воведена на српските аеродроми и гранични премини како превенција од коронавирусот.

Како што пренесува агенцијата „Танјуг“, на министерот и членовите на делегацијата им биле врачени и памфлети со препораки кои ги добиваат сите патници кои пристигнуваат од области што се лоцирани како жаришта на епидемијата од коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави