Search

И „Гама“ заминува од Работнички

Работнички паузата во фудбалското првенство на Македонија поради репрезентативните настапи ја искористи за екипирање кое треба да му донесе подобри резултати во продолжението од сезоната. По разделбата со тренерот Љупчо Марковски – Калц кој си поднесе оставка, денеска за негов наследник е промовиран на Милан Илиевски – Мичка. Работнички набрзо соопшти дека ја прекинува соработката со спортскиот директор Горан Станковски – Гама.

По седум одиграни кола Работнички се наоѓа на деветтата позиција која води во баражот. Работнички пред сезоната имаше многу поголеми планови за сезонава.

Работнички и Станковски взаемно ја договориле разделбата соопштија од редовите на „романтичарите“.

Му се заблагодаруваме на Горан Станковски за професионалниот однос и напорната работа во клубот во изминатиот период. ФК Работнички му посакува многу успех во натамошниот дел од кариерата  изјави претседателот Драган Поповски за клупскиот сајт.

Треба да знаете
Последни објави