Search

И Волво почна да произведува заштитни маски за здравствените работници кои се борат против коронавирусот

Производителот на камиони Волво (AB Volvo) се подготвува во својата фабрика Туве, кај Гетеборг, да почне да произведува пластични заштитни маски за медицинските работници кои се борат против коронавирусот.

– Ако се оди според планот, од понеделник дневно можеме да произведуваме по 1.000 маски од типот на визири, изјави портпаролот на Волво Клаес Елиасон.

Според весникот „Гетеборг постен”, новото производство ќе биде со 3Д (3D) печатачи.

Треба да знаете
Последни објави