Search

И водечките холандски екипи бараат да се прогласи крај на сезоната како во Белгија

По Белгија која одлучи да го прогласи прекинатото фудбалско првенство за завршено и титулата да му ја додели на лидерот Бриж и во Холандија се размислува за ваков административен потег со кој ќе и се стави крај на сезоната. УЕФА негодува на ваквата одлука на белгија и испрати препорака дека сезоната мора да се доигра, на терен.

Ајкак е првиот холнадски тим кој побара предвреме да се означи крај на шампионатот. Актуелниот првак и лидер во холандскиот шампионата Ајакс очекува да биде прогласен за старо-нов шампион. Поддршка во делот на ставање крај на натпреварувањето поради глобалната пандемија со коронавирусот доби и од најголемите конкуренти во трката за титулата ПСВ и АЗ Алкмар, додека Феенорд сѐ уште е воздржан.

-Ова е време за борба против лутиот непријател, вирусот корона и болеста Ковид-19, а не за играње фудбал, велат главни екипи во холандскиот шампионат.

Фудбалската федерација на Холандија засега нема намера да им излезе во пресрет на екипите, откако најави дека ќе ги следи препораките од УЕФА, со надеж дека првенството ќе може да се доигра во јуни.

Треба да знаете
Последни објави