Search

И вечерва протести против промена на името

И вечерва протести против промена на името

Со патриотски песни, знамиња и пораки против промената на името започна протестот пред македонското Собрание.

Демонстрантите порачуваат дека е страшно да се менува државното име и никој не смее да се прашува за тоа.  Велат дека меѓународната заедница требала да ја прифати земјата под уставното име.

„Договорот е против сите правила, а некој само си мисли дека може да ги спроведе“, извикуваат присутните.

И вечерва нема распоред во однос на тоа кој ќе говори на протестот, а собраните велат дека обраќањата ќе течат спонтано.

Полициските специјалци се наоѓаат зад Собранието, додека напред се распоредени само мал број припадници на полицијата.

Треба да знаете
Последни објави