Search

И Велковски со Риека ќе игра во групите од Лига Европа

И Дарко Велковски со Риека се избори за настап во групната фаза од фудбалското клупско натпреаврување Лига Европа. Хрватскиот претставник Риека вечерва на гостински терен го совладаа фаворизираниот дански тим Коненхаген. Хрватите одиграа фајтерски меч, поведоа со автогол на домашните уште во првиот дел, и што е уште поважно успеаа да го сочуваат тоа водство до крајот на мечот. Велковски ги одигра сите деведесет минути.

Крсте Велкоски со босанскиот Сараево не го поминаа Селтик. Пред своите гледачи на Кошево загубија со 1:0. Велкоски од клупата за резервни играчи доби шанса за настап во финишот од натпреаврот но не му помогна на својот тим да ја анулираат предноста до која дојдоа во 70. минута со погодокот на Едуард.

Македонските репрезентативци Бобан Николов и Висар Муслиу се најдоа во стартниот тим на унгарскиот Мол Види, кој загуби со 3:1 на гостувањето кај Стандард Лиеж во Белгија и ја завршија европската приказна.

РЕЗУЛТАТИ:

Динамо Брест – Лудогорец 0:2

Копенхаген – Риека 0:1

Легија – Карабах 0:3

Сараево – Селтик 0:1

Стандард Лиеж – Мол Види 3:1

Треба да знаете
Последни објави