Search

И Боки 13 отстранет од судница, и рече на судијката дека е сервилна

По неколку предупредувања дека го нарушува текот на судењето судијката Софче Гаврилова-Ефремова, го отстрани од судница првообвинетиот Бојан Јовановски-13.

Оваа одлука на судијката Гаврилова Ефремова на денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз” уследи откако обвинетиот Јовановски и се обрати на судијката „дека ќе ја отстранат и затоа е сервилна”.

– Заради нарушување на редот во судницата и крајно навредување, и непочитување на судот, обвинетиот Бојан Јовановски се отстранува од судница, одлучи судијката Софче Гаврилова-Ефремова.

Претходно, на денешното рочиште, исто така, заради попречување на презентација на доказите беше отстранет од судница и обвинетиот Миле Јовановски, татко на првообвинетиот Јовановски.

Треба да знаете
Последни објави