Search

И берза доби плакета од Централниот депозитар за хартии од вредност

Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје оваа година прославува јубилеј од две децении постоење на македонскиот пазар на капитал. По тој повод, на Македонската берза ѝ беше доделена плакета во знак на благодарност за досегашната блиска и успешна соработка помеѓу овие две, комплементарни институции.

Депозитарот и Берзата, како инфраструктурни институции на македонскиот пазар на капитал, од самото нивно основање па сèдо денес, се карактеризираат со висок степен на интероператибилноство повеќе сфери, што е предуслов за ефикасно функционирање на модерните пазари на капитал. Имајќи ги предвид регионалните трендови и потребата од развој на софистицирани технолошки решенија, последните години се одбележани со интензивна соработка помеѓу двете институции, особено во доменот на информатичката технологија. Оваа соработка  има за цел постигнување на  оптимална  консолидираност на трговската и пост-трговската инфраструктура што придонесува системите на Депозитарот и Берзата да бидат поефикасни, а учесниците на пазарот на капитал да добиваат квалитети услуги како бенефит од ова засилено координирано дејствување.

Депозитарот и Берзата и во иднина ќе останат посветени на зачувување на интегритетот и кредибилитетот на македонскиот пазар на капитал преку создавање на модерни и иновативни решенија за развој на нови услуги за учесниците на домашниот пазар на капитал.

 

Треба да знаете
Последни објави