Search

И Атман надвор од стројот

Новиот играч во редовите на европскиот, регионалниот и македонскиот ракометен првак  Вардар, Русинот Павел Атман им се придружи на Бразилецот Толедо кој имаше хируршка интервенција на коленото и на Стоилов кој сеуште е на рехабилитација. Атман има повреда на прст од десната рака.

Поради тоа неизвесен е и неговите настап на неофицијалното Светско клупско првенство, Супер Глоуб кој ќе се одржи во Саудиска Арабија.

-Атман доби повреда за време на тренинг. Има расекотина на прстот и мора да мирува барем две недели. Неговиот настап во Саудиска Арабија е неизвесен потврди тренерот Давид Писонеро по контролниот меч со Еурофарм, кој Атман го проследи од трибината.

Треба да знаете
Последни објави