Search

И Арсенал влегува во трката по Родригез

Англискиот фудбалски премиерлигаш Арсенал е заинтересиран за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џејмс Родригез. Според британските медиуми „топџиите” сакаат да го ангажираат 28-годишниот играч во текот на летото.

Претходно уште три клуба од шампионатот на Англија, пројавија интерес за Колумбиецот. Тоа се: Манчестер сити, Евертон и Вулверхемптон.

Родригез има еден гол и две асистенции на 13 натпревари за Реал Мадрид во сезоната 2019/20.

Порталот „Transfermarkt.com” ја проценува вредноста на Колумбиецот на 40 милиони евра. 

Треба да знаете
Последни објави