Search

Италијaнка и Германец по потекло од Гана протерани од земјава поради криумчарење мигранти

Судот, донесе пресуда со која на обвинетите им е изречена алтернативна мерка – условна осуда на казна затвор во траење од две години која нема да се изврши доколку во период од пет години не сторат друго кривично дело, воедно во текот на денешниот ден на обвинетите ќе им биде укината мерката притвор и ќе бидат протерани засекогаш од Р.С.Македонија. При одмерувањето на казната судот ги имаше предвид олеснителните околности дека обвинетите не се сторители на други кривични дела и против нив не се водат други постапки во други земји, дека двајцата се вработени во земјите чии што се државјани, како и тоа дека првообвинетиот е татко на малолетно дете, а второобвинетата е болна. Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се согласи со изречената пресуда.

Имено, на почетокот на јануари годинава, обвинетите со намера илегално да пренесат тројца мигранти се упатиле со патничко моторно возило со германски регистарски таблички во Р.Грција. За непречено поминување, за мигрантите обезбедиле јавни исправи – лични карти од Европска Унија и им ги дале на рака. На граничниот премин „Богородица“ при контрола од страна на полициски службеник мигрантите се легитимирале со холандска, шведска и германска лична карта. Тројцата мигранти кои исто така потекнуваат од Гана, платиле вкупно 500 евра за патни трошоци, а според договорот остатокот од по 1000 евра од лице требало да го исплатат по пристигнување на крајната дестинација – Р. Австрија.

Треба да знаете
Последни објави