Search

Италија ќе ја продолжи вонредната состојба поради коронавирусот

Италија најверојатно ќе ја продолжи вонредната состојба за да помогне кризата со коронавирусот да се држи под контрола, бидејќи Владата се обидува да избегне бран нови случаи што ги погодуваат другите европски земји.

Вонредната состојба, која треба да истече во средината на октомври, им дава повеќе овластувања и на регионалните и на централната Влада, што им го олеснува на службените лица да ја заобиколат бирократијата која отежнува многу одлуки во Италија.

– Верувам дека Владата ќе мора да побара понатамошно продолжување, изјави потсекретарот за здравство Сандра Камп за државниот радиодифузер РАИ.

– Вонредната состојба и дозволува на Владата брзо да ја намали бирократијата доколку е потребно, рече таа.

Италија е првата земја во Европа која беше нападната од Ковид-19 и има најголем број на жртви на континентот, односно 35.851 од почетокот на епидемијата во февруари.

Треба да знаете
Последни објави