Search

Италија ја укинува помошта за Тунис поради големиот број на мигранти

Шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо одлучи да ја укине помошта за Тунис во висина од 6,5 милиони евра, која е во рамките на програмата Соработка за развој.

Тоа е една од мерките што ги презема италијанската Влада за да го стопира доаѓањето мигранти од Тунис, кои во првите шест месеци од годинава се помеѓу најбројните што пристигнуваат во Италија.

Тунис се соочува со економска криза, па се е поголем бројот на лица кои се обидуваат да пристигнат во Италија и во Европа. Тунис спаѓа во безбедни земји, без војна и внатрешни конфликти, па затоа сите Тунижани кои нелегално ќе пристигнат во Италија ќе бидат вратени. Но, проблемот е во тоа што процесот на депортација е долг и скап.

За разлика од претходната италијанска влада на Матео Салвини, чија политика беше затворање на италијанските пристаништа за мигрантите, Владата на премиерот Џузепе Конте, се обидува да го спречи поаѓањето на мигранти од туниски пристаништа.

Треба да знаете
Последни објави