Search

Италија: Салвини предупредува на раздор во владината коалиција

Италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи на Италија Матео салвини предупреди денеска дека Владата нема да се одржи уште долго, доколку продолжат политичките расправии меѓу коалициските партнери.

Тензиите меѓу екстремно-десничарската „Лига” на Салвини и нивниот коалициски партнер, „Движењето пет ѕвезди” (М5С), се зголемија за време на кампањата за изборите за Европскиот парламент, кои ќе се одржат следната недела.

Салвини ги обвини М5С дека ги блокира владините мерки „кои и се потребни на државата”, вклучувајќи ја и контроверзната уредба која тој ја застапува за казнување на хуманитарните бродови кои спасуваат мигранти на море.

– Сега има многу „не”, што не е добро за Италија. Се надевам дека се под влијание на изборната кампања и оти ќе станат „да” по 27 мај, изјави Салвини, алудирајќи на денот на евроизборите.

– Во спротивно ќе имаме проблем, бидејќи ако упорно велиш „не”, не можеме да стасаме далеку, оцени Салвини.

Треба да знаете
Последни објави