Search

Италија конфискува брод за транспорт на мигранти ставен во употреба пред една недела

Канцеларијата на Обвинителството во Агриџенто, Италија, го потврди одземањето на бродот за транспорт на мигранти „Алекс“ откако на него беа донесени 41 мигранти во Лампедуса во време кога италијнската влада се подготвува да воведе уште поголеми парични казни против НВО, пренесува „Ил џорнале“.

Новите предложени парични казни би можеле да достигнат помеѓу 150.000 и еден милион евра, наспроти претходните износи од 10.000 до 50.000 евра.

Бродот со кој управува италијанската НВО „Медитеранеа сејвинг хјуманс“ беше запленет неделава и беа спроведени истраги против командантот на бродот, Томазо Стела, и шефот на мисијата, Еразмо Палацото.

Двајцата мажи се обвинети за олеснување на нелегалната миграција како и за отпор и непочитување на брод кој им припаѓа на италијанските власти. Италијанската НВО, исто така, може да добие парична казна до 65.000 евра.

Истрагите следат уште една истрага за шефот на италијанската НВО, Лука Касарини, кој во април беше сослушан од обвинителот Салваторе Вела во врска со помагањето на нелегалната миграција.

Заплената доаѓа само една недела откако „Медитеранеа“ објави дека ќе го стави во употреба „Алекс“ за да им помогне на две други невладини организации за мигранти кои работат на брегот на Либија во зоната за пребарување и спасување (САР) и доаѓа откако уште еден брод на НВО, „Маре Јонио“, беше конфискуван во мај.

Заплената, исто така, доаѓа една недела откако капетанот на „Си воч 3“, Карола Ракете, нсасила влезе со својот брод во италијански води во обид да пристане, па удри во патролен чамец додека го правеше тоа. Иако Ракете првично беше уапсена, таа беше ослободена неколку дена подоцна.

Треба да знаете
Последни објави