Search

Италија го ревидираше буџетот за да избегне санкции од ЕУ

Италијанскиот премиер Џузепе Конте го претстави пред Европската Унија новиот ревидиран буџет, кој предвидува помал дефицит отколку во претходната верзија, со цел да избегне санции од Унијата.

Конте пред новинарите во Брисел, по состанокот со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, рече дека новиот предлог-буџет предвидува дефицит од 2,04 отсто бруто домашен производ, место првобитните 2,4 отсто.

Според неговите зборови, двете партии од владејачката коалиција во Италија ги поддржале измените на буџетот. Европската комисија го одби првиот предлог на италијанскиот буџет, укажувајќи дека плановите за расходи ги прекршуваат ветувањата за намалување на јавниот долг.

Треба да знаете
Последни објави