Search

Италија го предложи Џентилони за комесар во Европската комисија

Новата влада на Италија го предложила Паоло Џентилони, поранешниот премиера од Демократската парија, за следен италијански комесар во Европската комисија, пренесува „Спутник“.

Џентилони беше премиер на Италија од 2016 до 2018 година и неговото именување се смета како гаранција за добри односи со Брисел по повеќемесечната напнатост.

Новата италијанска коалиција на антиестаблишментското Движење 5 ѕвезди и Демократската партија денес положи заклетва.

Италија беше единствената членка на ЕУ што немаше предложено кандидат за ЕК. Со овој потег за демантирани шпекулациите и прогнозите дека на тоа место би можеле да дојдат актуелната шефица на европската дипломатија, Федерика Могерини, или Марио Драги.

Треба да знаете
Последни објави