Search

Италија го казни „Фејсбук“ со 10 милиони евра

Италијанската агенција за заштита на конкурентноста го казни „Фејсбук“ со 10 милиони евра.

Агенцијата ја казни компанијата поради продажба на податоците на корисниците. Агенцијата смета дека „Фејсбук“ го прекршил Законот за потрошувачи и ги користел податоците во комерцијални цели, а за тоа претходно не ги известил корисниците.

„Фејсбук“, исто така, е обвинет за примена на агресивни практики кон своите корисници, бидејќи кога корисникот сака да го ограничи споделувањето на личните податоци, тогаш веднаш му се дава до знаење дека ризикува значително да му се намали користењето на услугата.

Треба да знаете
Последни објави