Search

Италија „ги запали светлата“ по 69 дена

Денеска во Италија се отвораат повеќето мали и големи продавници, фризерници, салони за убавина, кафулиња и ресторани.

„Италија ги запали светлата по 69 дена“, пишува Ла Република.

Се очекува да започнат со работа приближно 70 проценти од кафулињата, баровите, слаткарници и ресторан, за што беа направени подготовки последниве денови.

Следната фаза е закажана за 25 мај со отворање спортски центри, базени и некои училишта, а на 3 јуни Италија има намера да ги отвори своите граници со надеж за заживување на туристичкиот сектор.

Треба да знаете
Последни објави