Search

Италија бара 237 шверцери на дрога меѓу кои 117 се Албанци

Италијанското обвинителство заврши со прелиминарната истрага против голема мрежа на шверцери на дрога од дури десет држави, а осомничени се вкупно 237 лица. Меѓу нив има 117 Албанци.

За време на т.н. „Операција Крабурун“, италијанската полиција открила како функционира мрежа на шверцери на кокаин, хероин и марихуана, кои дрога во Италија доставувале од Албанија, Турција, Холандија, Шпанија, Белгија, Македонија, Хрватска, Франција и Германија.

Лидерите на оваа организација, според италијанските власти, се Франческо Абрузезе, Масимо Албанезе и Албанците Едмонд и Алфред Беќири, Ндуе Сокољи и Арбен Вељико.

Сите 237 наводни шверцери на дрога се осомничени и за производство на супстанци, кои пред продажбата ги мешале со хероин.

Треба да знаете
Последни објави