Search

Италијанци од факултет одат директно во борба против коронавирусот

Некои италијански студенти по медицина штотуку дипломираа, а веќе се фрлени во оган и се во првите редови на одбрана во борбата против коронавирусот.

Меѓу нив е и Кјара Бонини, 26-годишна девојка која неодамна го положи својот завршен испит на факултет, а сега веќе неколку месеци има искуство во справувањето со смртоносниот вирус што предизвика една од најголемите глобални здравствени кризи.

„Сакам да дадам се од себе и да му помогнам на градот кој доживува драматични моменти и има сериозна потреба од лекари“, вели Кјара за нејзиниот роден град Бергамо, еден од најпогодените од коронавирусот во Италија, пренесува Си-ен-ен.

Бонини е само еднa од илјадниците италијански дипломирани студенти, кои одговорија на повикот на Владата за итна помош во борбата против најсмртоносната епидемија на вирус во светот.

Во Италија во текот на викендот надмината е бројката од 10.000 смртни случаи и во моментов речиси една третина од смртните случаи од коронавирус во светот се регистрирани токму во таа земја.

Болниците низ целата држава работат под големо оптеретување, па Италија го забрза процесот на запишување студенти во медицинско училиште со намалување на бројот на болнички испити и зголемување на бројот на вработени лекари.

За многу дипломирани студенти, ова ќе биде прва професионална работа во гранка која се соочува со најголемата криза во една генерација. Според податоците од Италија, досега 50 лекари го загубиле животот од Ковид-19.

И додека земјата влегува во шестата недела на строг карантин, младите италијански лекари практично се катапултираат од факултет во преполните болници каде на пациентите очајно им е потребна помош.

Треба да знаете
Последни објави