Search

Италијанците не разбираат зошто Грците не ги пуштаат слободно да влезат во земјата

Италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперанца, изјави дека епидемиолошката состојба во Италија е подобра отколку во другите европски земји и дека не разбира зошто некои земји го ограничуваат влезот за Италијанците.

Меѓу нив е и Грција, која објави дека италијанските туристи во Грција ќе треба да останат во карантин седум дена, доколку немаат симптоми на инфекција, а оние кои ќе покажат дека се заразени – дури 14.

Италијанскиот министер за надворешни работи, Луиџи ди Мајо, ќе разговара за таа мерка на владата во Атина по телефон со својот грчки колега.

Директорот на одделот за интензивна нега на болницата „Сан Рафаело“ во Милано, Алберто Зангило, изјави дека клинички коронавирусот веќе не постои, а неговата изјава ја пренеле сите италијански медиуми, како и бурната реакција на колегите и научниците.

Треба да знаете
Последни објави