Search

Италијанците најдолговечни во ЕУ, најмногу стогодишници има во Трст

Италијанците се најдолговечни меѓу жителите на земјите од Европската Унија, покажуваат податоците на „Евростат“, заводот за статистика на Европската Унија, што ги пренесува дневниот весник наменет за медицинскиот персонал „Санита“.

Наспроти тенденцијата во ЕУ, каде што во просек мажите живеат подолго од жените, во Италија припадничките на понежниот пол се подолговечни – мажите живеат во просек 81, а жените 85 години.

Општо земено, во земјите на ЕУ очекуваниот животен век се зголемува, просекот е 81,2 години живот, а тоа зависи од локалните услови за живот, но и од здравјето на планетата, квалитетот на воздухот, водата и храната.

Во Италија, статистичарите предвидуваат дека за неколку децении ќе има проблем поради остареното население, како да се надополнат касите на пензискиот фонд.

Веќе неколку години Италија е на првото место во светот според ниската стапка на наталитет, на секои сто смртни случаи се раѓаат само 67 бебиња.

Ситуацијата ја подобруваат мигрантските семејства со повеќе од две деца во просек, иако им е тешко на партиите од десниот центар да признаат дека работниците од други земји придонесуваат значително за полнење на државниот пензиски фонд, тренд што ќе продолжи и ќе расте.

Меѓу италијанските градови, Трст е на првото место според бројот на жители кои имаат повеќе од сто години, од 8 до 10 ултра стогодишници на десет илјади жители.

Треба да знаете
Последни објави