Search

Италијанците издвојуваат уште 10 милијарди евра поради коронавирусот

Италијанската влада планира да издвои дополнителни 10 милијарди евра за кредитни гаранции и ликвидност за бизнисите и компаниите погодени од коронавирусот, изјави владин извор за „Ројтерс“. Владата во март усвои пакет итни мерки од 25 милијарди евра за да ги ублажи негативните ефекти од епидемијата на коронавирусот.

Пакетот вклучува и пет милијарди евра гаранции за банкарски заеми и за ликвидност на компаниите и домаќинствата, што на крајот би можело да достигне и до 340 милијарди евра.

Министерството за економија не сака да ги коментира наводите.

Италија е епицентарот на коронавирусот во Европа и е прва меѓу западните земји што воведе сеопфатна забрана за движење и суспензија на економската активност, откако го потврди присуството на вирусот пред скоро шест недели.

Треба да знаете
Последни објави