Search

Италијанците ги претвораат нуркачките маски во респиратори што спасуваат животи

Италија се соочува со недостиг на медицинска опрема, па д-р Ренато Фаверо предложил да се поврзат нуркачките маски со апарати за вентилација. Инженерите успеале да ја претворат нуркачката опрема во вентилациски маски потребни за болниците. Компаниите „Исинова“ и „Декатлон“ заедно ја креирале и ја тестирале маската.

Компанијата „Исинова“ објави дека прототипот на маската е тестиран на еден од нивните колеги во локалната болница и дека пробата е успешна. Самата болница го тестирала производот на пациент и изменетата маска се покажала како успешна.

На интернет има упатство за тоа како да се приспособат маските за нуркање во респиратори.

Ц-ПАП маските чинат околу 100 евра, а болниците можат да ги купат маските од „Декатлон“ по цена од 25 евра. Производството на 3Д вентили е бесплатно, така што ова е веројатно најевтиното решение за кризата поради недостаток на опрема за дишење, пишува „Боред Панда“.

Маските не се совршени. Постои опасност под површината да се создаде поголемо количество јаглерод диоксид доколку не се обезбеди правилен одвод на издувни гасови. Исто така, болниците мора да имаат доволен број на вентилатори на кои можат да се приклучат маските.

 

Треба да знаете
Последни објави