Search

Италијанското движење Пет ѕвезди гласаше за блокирање на судењето на Салвини

Комитетот за имунитет на италијанскиот Сенат вчера попладнето гласаше против барањето од Обвинителството да продолжи со поднесувањето обвиненија за киднапирање и злоупотреба на службената должност против министерот за внатрешни работи, Матео Салвини, кој е и лидер на екстремно десничарската Лига, пренесува „Локал“.

Локалните медиуми објавија дека сенаторите на Движење Пет Ѕвезди (M5С) биле поделени околу тоа како да му пристапат на овој проблем, но многу од нив гласаа да го заштитат својот коалициски сојузник од обвиненијата откако анкетата на веб-страницата на М5С покажа дека 59 отсто од членовите на партијата се сложиле со повикот на лидерот Луиџи ди Мајо за блокирање на судењето.

Салвини побара имунитет тврдејќи дека само си ја вршел должноста кога повеќе од 10 дена во август минатата година не му дозволи прикотвување во Италија на бродот „Дичоти“со повеќе од 150 мигранти, вклучувајќи и деца. На бродот на крајот му беше дозволено да се истовари на Сицилија откако Католичката црква издејствува договор со Ирска и со Албанија да ги прифатат мигрантите.

Салвини изјави дека никогаш не бил загрижен поради можноста да одговара пред суд за постапките, посочувајќи им на медиумите дека мирно спие, но неговите постапки дефинитивно му предизвикаа многу бесони ноќи на неговиот коалициски партнер.

Комитетот за имунитет го нема последниот збор во однос на случајот зашто сега следува гласање во Горниот дом на парламентот, но повеќето сенатори на М5С посочија дека ќе го слушаат гласот на своите сопартијци што значи дека ќе гласаат во корист на Салвини

 

Треба да знаете
Последни објави