Search

Италијански суд му нареди на „Фејсбук“ да ја врати страницата на неофашистичката Каза Паунд

Италијански суд пресуди дека „Фејсбук“ мора да ја обнови страницата на неофашистичката партија Каза Паунд, истакнувајќи го огромното влијание на социјалните мрежи врз политиката во Италија, пренесува РТ.

Граѓанскиот суд во Рим пресуди дека одлуката на „Фејсбук“ го повредува фундаменталниот принцип на еднаквост на политичките партии содржан во националниот Устав.

„Со забраната од ‘Фејсбук’, партијата автоматски е исклучена (или со строго ограничен пристап) од италијанската политичка дебата“, рече судот, додавајќи дека речиси сите италијански политички сили активно ја користат платформата за ширење пораки илиза промовирање на нивните политички идеи.

Во пресудата понатаму се истакнува дека односот помеѓу „Фејсбук“ и неговите корисници не може да се изедначи со врската помеѓу два приватни субјекта токму поради специјалната позиција на социјалната мрежа. Во пресудата не се споменува профилот на партијата на „Инстаграм“, кој исто така е во сопственост на „Фејсбук“.

Во очигледен обид да го поттикне „Фејсбук“ да ја почитува судската одлука и да ја врати страницата, судот исто така побара компанијата да плати казна од 800 евра за секој ден прекршување на судската наредба и наложи компанијата да плати 15.000 евра судски такси.

„Фејсбук“ во септември ја блокираше страницата на Каза Паунд, која имаше 240.000 следбеници, наведувајќи ги прекршувањата на правилата за говор на омраза. Оттогаш, мрежата појасни дека нема намера да ја врати сметката.

„Лицата или организациите кои шират омраза или ги напаѓаат другите врз основа на тоа кои се тие, нема да имаат место на ‘Фејсбук’ и на ‘Инстаграм’. Страниците што ги отстранивме денес ја кршат оваа политика и повеќе нема да бидат присутни на ‘Фејсбук’ или на ‘Инстаграм’“, изјави во тоа време портпаролот на „Фејсбук“ за италијанската новинска агенција АНСА.

По пресудата, од „Фејсбук“ само рекоа дека се свесни за одлуката на судот и дека внимателно ја разгледуваат. Досега нема преседан „Фејсбук“ да биде успешно принуден да ги врати блокираните страници преку правно дејство.

Каза Паунд е именувана по американскиот поет од 20 век Езра Паунд, познат по своите симпатии кон фашизмот. Партијата тврди дека се залага за демократска верзија на фашизмот, но ја обвинуваат за промовирање на насилство и на расизам. Во последно време, партијата го зајакна својот профил водејќи антиимигрански кампањи на социјалните мрежи

Треба да знаете
Последни објави