Search

Италијански свештеник осомничен во повеќе од 1.000 случаи на фалсификување документи за мигранти

Италијанската полиција поврза еден парохиски свештеник од диецезата во Падова со операцијата за фалсификување со која повеќе од 1.000 Бразилци незаконски купиле документи за италијанско државјанство во вредност од пет милиони евра,пренесува „Ил џорнале“.

Истрагата за групата која, наводно, им помагала на луѓето нелегално да ги добијат италијанските документи, се одвивала во текот на минатата година, а како резултат  полицијата уапсила седум Бразилци во општината Вербанија во Пиемонте.

Секој пакет документи, во рамките на кој групата нудела дури и еднодневни патувања на езерото Маџоре и дегустации на локалната храна и пијалаци за своите клиенти, ги чинел Бразилците околу 7.000 евра кои се плаќале во готовина.

Седум од „новите“ Италијанци дури и позирале со своите нови пасоши пред Градското собрание во Вербанија и ги објавиле фотографиите на социјалните мрежи. За неколку бразилски клиенти се вели дека ги користеле пасошите за влез во САД и Канада поради порелаксираниот визен систем за земјите-членки на Европската Унија.

Свештеникот кој беше уапсен помогнал во фалсификувањето потврди за крштевање во замена за пари.

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, ѝ честиташе на полицијата за апсњето, велејќи дека се потребни контроли и почитување на законите за државјанство.

Полициската акција доаѓа во момент кога дебатата за право на државјанство со раѓање, познато и како jus soli, повторно е актуелна во Италија по сознанијата дека 13-годишниот Рами Шехата, момчето кое спаси 51 деца од пожарот предизвикан од емигрант од Сенегал не било италијански државјанин иако е родено во Италија.

Демократската партија, која е поддржувач на правото на државјанство со раѓање, ја искористи ситуацијата за да се залага за политиката, додека Салвини посочи дека државјанството може да му биде доделено на Шехата како исклучок од сегашниот закон.

Треба да знаете
Последни објави