Search

Италијански политичар кој се противи на вакцинирање, заболе од сипаници

Италијанскиот политичар Масимилиано Федрига, член на „Северна лига”, партијата која се противи на задолжителната имунизација, доби сипаници поради што мораше да мине четири дена во болница.

Вакцинирање против дифтерија, тетанус, детска парализа, но и големи и мали сипаници и заушки се задолжителни во Италија за упис на дете во градинка или училиште.

„Добро сум, дома сум и се опоравувам. Се заблагодарувам на сите”, напиша 38-годишниот Федрига на социјалните мрежи откако излезе од болница.

Федрига, кој е гувернер на северната област Фриули-Венеција Џулија, пред две години беше жесток противник на воведувањето задолжителна вакцинација против 12 болести, меѓу кои и сипаници.

Треба да знаете
Последни објави