Search

Италијански медиуми: Милан ќе го откупи Ребиќ од Ајнтрахт

Анте Ребиќ ќе биде откупен од Милан, пренесуваат италијанските медиуми. Хрватскиот репрезентативец пристигна во Милано на двегодишна позајмица од Ајнтрахт Франкфурт со клаузула во која „росонерите” ќе имаат право на негов откуп за 25 милиони евра.

Ребиќ нешто послабо го одигра првиот дел од сеозна, но последните недели се повеќе се истакнува како еден од најдобрите фудбалери на Милан.
Со игрите им „влезе под кожа” на Паоло Малдини и на Звонимир Бобан кои веќе почнаа преговори со бундеслигашот за откуп до што наскоро и ќе дојде.
Треба да знаете
Последни објави