Search

Италијански гувернер: Ме нарекуваа расист зашто сакав да ги тестирам патниците од Кина во февруари

Гувернерот на италијанскиот регион Ломбардија, кој е најтешко погоден од новиот короновирус Ковид-19, вели дека колегите во владата го нарекувале расист и го исмевале со погрдни зборви зашто уште на почетокот на февруари сакал да бидат воведени тестови за коронавирус за патниците кои доаѓаат во Италија од Кина, пренесува „Ла република“.

„Вашиот премиер на 3 февруари, јавно рече:„ Не грижете се, не мора да предвидувате никаква пандемија зашто нашиот систем е подготвен да се соочи со секаков вид вонредна состојба “, рече гувернерот Атилио Фонтана на дебата за кризата предизвикана од Ковид-19 во Италија во вторникот.

Фонтана е член на италијанската партија „Лега“ на поранешниот вицепремиер Матео Салвини.

„Изненаден сум што ме обвинувате дека го потценувам проблемот“, додаде гувернерот на Ломбардија откако некој во салата извикал „Срамота!“ кон него.

Фонтана сепак продолжи, посочувајќи дека бил нарекуван расист зашто сакал да ги тестира патниците од Кина пред да започне кризата со коронавирусот во Италија.

„Вие ми рековте дека сум расист кога барав проверки на сите граѓани кои се вратија од Кина. Ме исмеваа со дрски зборови. Ми рекоа дека поради мене Италија го загубила кредибилитетот во светот затоа што се обидов да предупредувам дека правилата треба строго да се следат бидејќи во спротивно ќе завршиме во драматична ситуација“, додаде тој.

Фонтана потоа го впери прстот кон Вишиот институт за здравје во Италија (Istituto Superiore di Sanità (ISS)) обвинувајќи го дека спечува компанија во Ломбардија, која може да произведе 900.000 маски на ден, принудувајќи ја да чека сертификација за тоа.

„За жал, Вишиот институт за здравство рече дека првиот состанок за проценка на овој сертификат е одложен за следната недела. Не треба да велат ‘ќе ви одговориме за неколку недели’ како да ни прават услуга. Ни требаат одговори за неколку часа, не за неколку недели. Во ИСС допрва треба да сфатат дека сме во вонредна состојба. Бидејќи никој секако не ни дава маски, дајте ни барем дозвола да ги произведеме“, рече Фонтана.

Треба да знаете
Последни објави