Search

Италијанската полиција заплени спасувачки брод со мигранти

Четириесет и седум мигранти синоќа се симнаа во Лампедус, остров јужно од Сицилија, бидејќи бродот што ги спаси беше запленет со судски налог.

Бродот, ангажиран од германската невладина организација Си Воч (Sea Watch) и кој плови под знамето на Холандија, беше закотвен во италијанските води во близина на Лампедуза и беше задржан од страна на италијанската Финансиска полиција по наредба на сицилијански државен обвинител.

Извори во италијанското Министерство за внатрешни работи, предводено од Матео Салвини, ги критикуваат потезите на обвинителите, додавајќи дека министерот се уште се спротивставува на доаѓањето на мигранти од, според него, „нелегален брод”.

Треба да знаете
Последни објави