Search

Италијанската полиција заплени оружје наменето за неофашистите

Полицијата во северна Италија приведе тројца мажи, вклучувајќи и еден поврзан со неофашистичка италијанска политичка партија, кога открила огромна количина автоматско оружје, еден проектил и материјал со нацистички симболи.

Полицијата соопшти дека ова откритие било резултат на претходна истрага за Италијанците што учествувале во војната во источна Украина, пренесе АП.

Во официјално соопштение полицијата од Торино изјави дека еден од уапсените мажи во 2001 година безуспешно се кандидирал за Сенатот како кандидат за неофашистичката партија „Форца нуова“.

Во неговата куќа полицијата пронашла речиси 30 ловечки пушки, пиштоли и бајонети, како и муниција и стари нацистички плакети со свастика.

Двајцата други мажи биле уапсени кога полицијата пронашла проектил произведен во Франција во хангар на аеродром за кој веруваат дека требало да биде ставен на продажба, објави агенцијата.

Треба да знаете
Последни објави