Search

Италијанската амбасада го осуди сквернавењето на италијански споменик во Битола

Амбасадата на Италија го осуди вандалскиот чин на сквернавење на италијанскиот споменик подигнат во чест на паднатите италијански борци од Првата светска војна кои заедно со француските,британските…трупи се бореле против Централните сили.

– Станува збор за крајно нецивилизациски чин, којшто не може да биде одобрен за ниедно спомен обележје. Современите европски вредности подразбираат почит, без која не може да се говори за заеднички просперитет во човештвото, се нагласува во соопштението испратено од Италијанската амбасада во земјава.

Амбасадата на Италија и Општина Битола минатата година во Градскиот парк поставија  спомен-плоча посветена на италијанските војници кои за време на Првата светска војна се бореле на Македонскиот фронт. 

Треба да знаете
Последни објави