Search

Италијаните протестираат против владините ковид мерки (ВИДЕО)

Во неколку италијански градови траат протести поради владините мерки против коронавирусот, јавува Ла Република.

Имено, некои од мерките вклучуваат затворање на барови и ресторани во 18 часот и потполно затворање на теретаните, кината и театрите.

Ситуацијата во некои градови ескалираше, а екстремистички групи значајно влијаеа на напнатоста во текот на протестите. Демонстрантите врз полицијата фрлаа петарди и шишиња, а во Милано фрлаа молотови коктели и го блокираа сообраќајот.

Претходно овој месец, во Рим се одржуваа два различни протести на противниците на носењето маски, а еден го организираа и неофашистите.

Имено, неофашистичката група Форца Нуова собра повеќе стотици граѓани затоа што сметаат дека „маските се симбол на поднесување“.

Треба да знаете
Последни објави