Search

Исчезна венецуелски генерал баран по потерница од САД

Шпанската полиција соопшти дека не успеала да го лоцира некогашниот венецуелски воен разузнавач генералот Уго Карвахал, чија екстрадиција ја бараат САД. Некогашниот шеф на венецуелската шпионска агенција исчезна во Шпанија додека тамошните власти се обидуваа да го испорачаат на Вашингтон.

Медиумите во петокот пренесоа дека шпанскиот суд ја поништил претходно донесената одлука со која беше отфрлена американската потерница и на властите им наложи да продолжат со процедурата за негова екстрадиција.
Генералот Кравахал беше началник на венецуелската воена разузнавачка служба во време на владеењето на Уго Чавес.
Треба да знаете
Последни објави