Search

Исчезна авионот на фудбалерот Емилијано Сала, најновото засилување на Кардиф

Авионот на голгетерот на француски Нант, Емилијано Сала, кој викендов потпиша за Кардиф – исчезна од радарите, пренесува „The sun“.

Светските медиуми пишуваат дека во авионот биле само Сала и уште едно лице, најверојатно пилотот, а исчезнале некаде меѓу Франција и Англија, кај каналот Ла Манш. Според информациите, авионот исчезнал од радарот синоќа околу 20:30 часот по локално време, а за време на исчезнувањето немало сериозни временски неприлики.

Моментално се одвива акција за лоцирање на авионот, а со своја порака за загриженост во јавноста излезе Претседателот на фудбалскиот клуб Кардиф, Мехмет Далман:

„Многу сме загрижени околу последните вести дека на авионот му се губи секаква трага над Каналот…“

Треба да знаете
Последни објави