Search

Исчезнато девојче од Битола пронајдено во интернет-кафе

Малолетничка од Битола вчера била пронајдена по три дена откако нејзината мајка ја пријавила за исчезната.

Од МВР соопштија дека таа била пронајдена во интернет-кафе на улица Елпида Караманди во Битола.

„Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола ја пронашле А.М.(14) од Битола, која на 5 јануари од нејзината мајка беше пријавена за исчезната“, соопштија од МВР без да наведат повеќе детали за случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави