Search

Исцрпени се сите механизми за стопирање на зградата кај „Мајчин дом“

Исцрпени се сите механизми за стопирање на зградата кај „Мајчин дом“

На денешната седница Уставен суд расправаше за претставките поднесени против ДУП И10, кој ја опфаќа и парцелата кај Мајчин дом. Судот донесе одлука да ги одбие сите претставки, со што И10 останува активен урбанистички план за тој регион.

Општина Аеродром е обврзана да ја почитува одлуката на судот, како институција со највисока надлежност за овој случај. За жал, исцрпени се сите механизми со кои Општината се обиде да го оспори ДУП И10 и да ја стопира изградбата на објектот кај Мајчин дом.

Штетите од претходното општинско раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ во однос на урбанистичкото планирање се веќе направени. Градоначалникот Златко Марин и новото општинско раководство остануваат цврсто на заложбите за зголемување на зелените површини и гарантирање похумани услови во општината.

Новите урбанистички планови се изработуваат за помалку урбанизираните делови, со цел да се заштити урбаното јадро од дополнителни градби. Овие планови се работат со повисоки стандарди, повеќе зеленило и повисок квалитет на живот. Дополнително, Општина Аеродром е во процес на создавање партиципативно тело за урбанизам, со што им овозможува на граѓаните, здруженијата и на стручните лица директно учество во урбанистичко планирање на населбата.

Треба да знаете
Последни објави