Search

Истрели се слушаат во Стразбур

Истрели се слушнале во кварт на Стразбур, присутни се безбедносни сили, јавуваат светските агенции повикувајќи се на очевидци.

Очевидци исто така изјавиле дека полициски хеликоптер прелетал над стразбуршкиот реон „Ла Мено”.

Се уште не е јасно дали се работи за нов напад, или инцидентите се во рамките на акцијата на француската полиција за пронаоѓање на Шериф Шекат кој во вторникот вечерта отвори оган на божиќниот базар во Стразбур, при што уби три лица, а 13 беа повредени.

Треба да знаете
Последни објави