Search

Истражување: Само шест отсто од жителите на Велика Британија имаат антитела на Ковид-19

Најново истражување покажа дека само шест проценти од англиската популација, односно 3,4 милиони, имаат антитела на вирусот Ковид-19. Ова беше објавено во студијата на Кралскиот колеџ во Лондон, врз основа на тестирање на околу 100.000 волонтери во периодот од 20 јуни до 13 јули, објави „Политико”.

Според британскиот Секретаријат за здравство и социјална заштита, процентот на антитела зависи од тоа каде луѓето работеле и живееле, според возраста, етничката припадност.

Оние што живееле во Лондон се со поголема веројатност да бидат заразени, односно 13 проценти од испитаниците имаат антитела, за разлика од оние на југот на Англија, од кои само три проценти биле позитивни. Исто така, луѓето на возраст меѓу 18 и 34 години имале поголем процент на антитела – осум проценти, додека три проценти од оние на возраст од 65 години биле позитивни.

Во 96 проценти од случаите, оние кои се заразиле со коронавирусот, имаат антитела, додека третина од испитаниците немале никакви симптоми на вирусот.

Исто така, се покажа дека повисок процент на заразени биле меѓу црнците и Азијците (17 и 12 проценти), додека кај белците тоа е пет проценти. Забележано е дека кај пушачите, антителата се развивале во поголем број од непушачите.

Истражувањето ќе биде повторено наесен и ќе биде поопширно – 200 илјади волонтери ќе учествуваат во анализите.

Треба да знаете
Последни објави