Search

Истражување на Американско-кинескиот деловен совет

  1.  Американски компании што работат во Кина велат дека се оштетени од трговската војна меѓу САД и Кина и се соочуваат со се поголема нелојална конкуренција од кинеските фирми.

Сепак, тие се уште не се подготвени да се откажат од кинескиот пазар.

Во годишното истражување на Американско-кинескиот деловен совет,  81 процент од компаниите велат дека трговските тензии влијаат врз нив, што е повеќе од минатата година.

Речиси половина велат дека ја изгубиле продажбата заради царините што Кина ги наметна врз американските производи во знак на одмазда за царините на увоз на САД, а 47 проценти велат дека кинеските власти користат бирократија за да ги дискриминираат.

Околу 40 проценти од компаниите велат дека изгубиле продажба во Кина затоа што кинеските фирми не сакаат да прават бизнис со САД поради трговските тензии. Процентот на такви одговори е дури седумпати поголем отколку во 2018 година.

Сепак, 88 проценти велат дека не планираат да ја напуштат Кина, а 97 проценти велат дека нивните работни места во Кина се се уште профитабилни. Само половина сметаат дека нивните приходи ќе се зголемат оваа година.

Треба да знаете
Последни објави