Search

Истражување: Над 80 проценти од Британците не ја почитуваат самоизолацијата

Над 80 проценти од луѓето во Велика Британија не ги следат упатствата за самоизолација кога имаат симптоми на Ковид-19 или во случај да имале контакт со некој што е позитивен на тестот, покажува истражувањето спроведено од лондонскиот Кралски колеџ.

Истражувањето ја доведува во прашање ефективноста на англиската програма за тестирање и следење.

Според истражувањето, само 18,2 проценти од луѓето кои пријавиле симптоми на Ковид-19 во изминатите седум дена не излегле од дома откако се појавиле симптомите и само 11,9 проценти побарале да направат тест за Ковид-19

Исто така, утврдено е дека само 10,9 проценти од луѓето на кои им било кажано да се самоизолираат 14 дена по близок контакт со лице кое имало Ковид-19 го почитувале тоа.

Владата минатата недела воведе парични казни до 10.000 фунти за кршење на правилата за самоизолација и понуди исплата за поддршка од 500 фунти на ниско платените работници кои губат приход поради карантин.

Истражувачите велат дека финансиската поддршка за оние кои треба да се изолираат може да ги охрабри луѓето да се држат до упатствата.

Студијата е спроведена помеѓу 2 март и 5 август врз основа на 42.127 одговори од 31.787 испитаници постари од 16 години. 

Треба да знаете
Последни објави