Search

Истражување: Македонските граѓани уредно ги сервисираат плаќањата за комуналии и услуги кон банките и осигурителни компании

Македонските граѓани уредно си ги сервисираат плаќањата и уредно одговараат на своите обврски за комуналии и услугите кон банките и осигурителни компании, истакна  Весна Деловска, извршител од Скопје, на денешната презентација на истражувањето „Европски навики за плаќање” направено од страна на компанијата „EOS Матрих Македонија”.

Таа додаде дека од вкупно издадените сметки, на извршување доаѓаат не цели 2 отсто од плаќањата за услуги од банките, осигурителни компании и комуналии.

– Одговорно тврдам дека рамо до рамо сме со европските земји за навиките за плаќање. Од вкупната отвореност на банките, осигурителни компании и пружатели на комунални услуги, има само не цели 2 отсто кои доаѓаат на извршување. Постои една група социјално ранлива категорија на социјално загрозени семејства. Минатата недела веќе стапија на сила измени на Законот за извршување, со кои веќе се даде едно олеснување во делот на начинот на наплата на тие долгови, рече Деловска и додаде дека од досегашното извршување, лимитирано на една третина од приходот од платата или пензијата на луѓето веќе се донесоа измени, извршувањето ќе се движи на една петина од платата или пензијата.

Потсети дека пред два дена стапил на сила уште еден Закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови, и додаде дека резултатите од овој закон ќе ги видиме веројатно за три до четири месеци, бидејќи самите доверители добиле законски рок од три месеци во кои треба нормално да стапат во контакт со должниците, да склучат спогодби и да се договорат за начинот на отплата на тие стари и заостанати долгови.

Катерина Бошковска, генерален директор на компанијата „EOS Матрих Македонија” на денешното обраќање појасни дека проблемите со неплаќање на обврските во европските држави се разликуваат по степенот на морална одговорност, начинот на кој што се пристапува во решавање на проблемот, и правната рамка како потребна сигурност за едно рамноправно решавање на проблемите на двете договорени страни во должничко доверителните односи.

Целта на денешната презентација, како што појасни, е да се направат споредбите, на она што се случува кај нас, и она што е навика во Европа, притоа потенцира дека проблеми со неплаќање на обврските постојат не само кај нас, постојат во европските држави.

-Од нашето истражување резултатите говорат дека Западна Европа и е многу подобра во постапките во процесот на наплатата на своите обврски, од нашите испитаници кај физички лица, се смета дека некаде околу 84 отсто навремено одговараат на своите обврски додека кај правните лица тој процент е 79, додаде таа.

Новина оваа година, како што информира Бошковска, е применета на вештачката интелигенција во процесот на наплатата на побарувањето и тоа за нас како држава истакна дека е особено значајно затоа што ние сакаме да ги следиме новите европски текови.

-Јасно е дека сите ние во напорите да наплатиме мораме да се трудиме да бидеме и социјално одговорни, да ги заштитуваме интересите на нашите клиенти, а од друга страна да сме во линија со регулативата , да ги следиме трендовите на дигитализација и со создавање на една дигиталона стратегија суштински да го редефинираме начинот на кој го водиме својот бизнис, што подразбира целосна дигитална трансформација на применетите бизнис модели и приспособување на стратегиите на бизнисот кон новите услоги, додаде Бошковска.

Истражувањето „Европски платежни навики” компанијата „EOS Матрих Македонија” го спроведе со испитувања на преку 3.400 компании во Европа и споредено со 17 европски земји.

Треба да знаете
Последни објави