Search

Истражување: Две третини од предметите на интернет се небезбедни за потрошувачите

– Истражување на шест европски здруженија за заштита на потрошувачите покажува дека 66 отсто од артиклите што се купуваат на интернет се небезбедни, па дури и опасни за потрошувачите.

Тестирани се 250 предмети од осумнаесет категории нарачани од разни интернет платформи како Амазон, Али експрес, Е-беј, и други и утврдено е дека шест од десет производи претставуваат некаков ризик за здравјето, како на пример електрични шокови, иритација на непцата од пасти за заби, па дури и пожари од УСБ кабли.

Здруженијата откриле и опасни играчки за деца кои можат да доведат до смрт преку задушување.

Платформите кои ги продаваат овие предмети биле информирани од страна на здруженијата и од нив е побарано итно да ги отстранат артиклите од понудите, но во одредени случаи нивното барање било категорично одбиено.

-Што е уште позагрижувачки, констатиравме дека некои од тие предмети беа отстранети и вратени неколку дена подоцна, вели конзорциумот на здруженија за заштита на потрошувачите.

Од властите во ЕУ се бара да се ревидираат правилата и регулативите за онлајн продажба.

-Платформите преземаат по некоја мерка, но немаат никаква законска обврска во однос на безбедноста на предметите што ги нудат, ова мора да се смени и потрошувачот не може да биде единствен одговорен за купување опасен производ, објаснува белгиското здружение кое беше дел од истражувањето.

Треба да знаете
Последни објави