Search

Истражувачки новинар убиен во Мексико

Мексиканскиот истражувачки новинар Франсиско Ромеро е убиен денеска од засега непознати лица во близина на популарното одморалиште Канкун на карипскиот брег на Мексико.

Ромеро, кој работел за еден локален весник и интернет сајт, бил застрелан во местото Плаја дел Кармен, каде неколку криминални банди се борат за контрола врз наплатата на рекет од деловните објекти,

Ромеро, чии текстови првенствено се однесувале на активностите на криминалните банди, сигнализирал дека често добивал закани. Тој дури тврдел дека во една прилика бил киднапиран и претепан од непознати лица.

Ова е шесто убиство на новинар во Мексико од декември 2018 година, кога претседателската должност ја презеде актуелниот шеф на државата Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Едно од главните ветување на Обрадор на ланските претседателски избори беше дека ќе се справи со организираниот криминал, во услови кога во текот на 2018 година во Мексико беа извршени над 29.000 убиства.

Но, наместо намалување, во првите четири месеци од ова година бројот на убиства во земјата беше поголем во споредба со истиот период лани.

Треба да знаете
Последни објави