Search

Истражители влегоа во СЈО за да обезбедат финансиски документи

Истражители по налог на Јавното обвинителство се во просториите на СЈО за да обезбедат финансиски документи, потврдија за МИА од Обвинителството.

Оттаму посочуваат дека станува збор за претходна постапка.

Официјалните информации од базата „Отворени финансии” покажаа дека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за време на својот мандат, зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата.

Најголем дел од дополнителните 157.000 евра таа ги добивала како додаток за доверливост – да не открива што чула во „бомбите”, а земала и надоместоци за кирија и за тоа што работела вон градот во кој живее.

Треба да знаете
Последни објави