Search

Истрагата за коронавирусот во Франција се концентрира околу аеродромот Шарл де Гол, откако бројот на заразените се зголеми на 38

–  По големото зголемување на заболените од коронавирусот во Франција, истрагата која започна за да се открие „нулта пациентот” води околу аеродормот Шарл де Гол, јави дописникот на МИА.

Дваесет нови случаи беа дијагностицирани за само 24 часа, од кои дури четиринаесет во областа Оазм каде воената воздушна база Креј е особено погодена, со осум потенцијални случаи, со што бројот на заболените се зголеми од 18 на 38,

Новиот министер за здравство, Оливие Веран, чекаше 20 часа за да ја објави лошата бројка на денот: бројот на случаи на пациенти заразени со коронавирусот во Франција скокна од осумнаесет на триесет и девет за само дваесет и четири часа. Министерот, кој ги увери новинарите претходниот ден дека „нема епидемија во Франција”, сега укажува дека „Франција е подготвен за епидемија”.

Од коронавирусот сега се опфатени повеќе региони: две стари лица кои учествувале во организирано патување во Египет се подложени на интензивна нега во Брест и Дижон; семејството и роднината на веќе идентификуваниот случај (64-годишен маж кој се вратил од Ломбардија) се хоспитализирани во Анеси, а уште два изолирани случаи на лица кои исто така престојувале во Италија се лекуваат во Монпелје и во болницата Бишат во Париз.

Министерството за здравство исто така објави дека првиот Французин кој почина од коронавирусот е 60-годишен учител кој работел во основно училиште во близина на Креј. Во четвртокот вечерта, генералниот директор за здравство, Жероми Саломон, посочи дека дванаесетте нови случаи несомнено биле поврзани со двата претходни, осврнувајќи се на „синџирот на трансмисија во Оаз”. Во овој кластер (групирање), за двајца пациенти се проценува дека се во сериозна состојба и тие се следат во Компењ и во болницата Тенон во Париз.

Пренесувањето на вирусот  се чини дека било о во воената база. Тимови на виролози и епидемиолози го интензивираат пребарувањето, за да ги идентификуваат сите оние кои се потенцијално заразени. Во исто време, истрагите продолжуваат за да се утврдуваат „изворите на зараза” посебно на двајцата пациенти кои потекнуваат од групата од Оаз и страдаат од коронавирус, без притоа да ги посетат ризичните области (Кина или Италија). Единицата за кризи формирана од Регионалната здравствена агенција (АРС) од Горна Франција и регионалната делегација на јавно здравство на Франција се обидуваат да ги идентификуваат лицата со кои двајцата пациенти биле во контакт со цел да се пронајди „нултиот пациент”.

Во меѓувреме околу 200 вработени во болницата во Креј и Компењ се во домашен превентивен карантин или вкупно 2000 лица низ цела Франција.

Се појавуваат и гласини, дека заразените од воената база биле во контакт со евакуираните Французи од Вухан, но лицата кои биле во контакт биле во карантин и никој од нив не бил заразен.

Отфрлена е и хипотезата дека аеродромот Бове бил изворот на заразата, од каде летаат повеќе нискобуџетни компании како Рајанер или Визер.

Сега вниманието е околу поширокиот радиус на аеродромот Шарл де Гол-Роаси, за што постојат сомневања дека лицата од Креј биле во контакт со вработени од истиот.

Треба да знаете
Последни објави