Search

Историски рекорд на Пол, направи нешто што не можеа Робертсон ни Стоктон

Мечот помеѓу ЛА Лејкерс и Феникс санс (105-115) најмногу ќе се памети по скандалозното кошкање помеѓу Ентони Дејвис и Двајт Хауард на клупата на „езерџиите“, иако на тој меч кошаркарот на „сонцата“ Крис Пол постави уникатно остварување и влезе во историјата на НБА-лигата.

Плејмејкерот средбата ја заврши со 23 поени и 14 асистенции, со што ја мина границата од 20.000 поени во кариерата и стана единствен во најсилното кошаркарско натпреварување во светот што ја надминал оваа бројка, а истовремено имал и повеќе од 10.000 асистенции.

Пол беше лидерот на Феникс во меч во кој во третиот период водеше и со 32 поени разлика, што беше и една од причините за тепачката на клупата на „езерџиите“, кај кој Леброн Џејмс постигна 25, а Расел Вестбрук 15 поени, 11 скока и девет асистенции.

Пол, кој е 11-кратен учесник на Ол-стар, е петти на сите времиња според асистенции  и 47-ти играч кој стигнал до платото од 20.000 поени, но е првиот што ги преминал двете статистички граници. Пред Пол, Оскар Робертсон беше најблиску до пробивање на бариерата од 20.000 / 10.000, а на крајот му беше ускратен овој дострел со тоа што остана „краток“ со 9.887 асистенции. Џон Стоктон,  исто така се приближи со 19.711 поени.
Треба да знаете
Последни објави