Search

Историска одлука во Индија: Хомосексуалноста повеќе не е кривично дело

Врховниот суд во Индија донесе закон, според кој хомосексуалниот однос повеќе не се смета за кривично дело во оваа држава.

Со оваа пресуда се поништува одлуката од 2013 година, која потврди дека хомосексуалниот сексуален однос го категоризира како „неприродно дело“.

Остри казни

Според членот 377 од колонијалниот закон стар 153 години, сексуалниот однос помеѓу припадниците на истиот пол се категоризираше како „неприроден прекршок“, за кој може да биде изречена затворска казна до 10 години.

Ова е еден од најстарите закони на светот, а некои беа во солзи после донесување на одлуката.

„Криминализацијата на телесен однос е ирационална, произволна и очигледно неуставна“, изјави главниот судија Дипак Мисра.

Активистите кои се борат за сексуална еднаквост, со голема радост ја дочекаа оваа одлука пред судот.

Треба да знаете
Последни објави